Wednesday, March 28, 2012

Кошмар 12 (Есен/Зима 2011/2012)




            Ако Кошмар 11 условно речено беше феминистичкo хорор издание (воден од филмот на насловната страна), тогаш, како по некое непишано правило, филмот од насловната страна изврши големо влијание врз конечниот изглед на новиот број на Кошмар, посебно со неговите крвави ефекти и бескомпромисноста во реализацијата. Така овој број стана тестамент на независните хорор филмови, кој од кој порадикален и поекстремен. Психопатите, манијаците и убијците од филмските платна се префрлија во страниците на ова списание за да ги остварат своите измачувачки и убиствени тенденции. Како изминатите броеви на Кошмар, така и дванаесеттиот нуди една макарбна колекција на најдобрите и најсуровите актуелни хорор филмови од светот. За овој број на Кошмар реализирани се три интервјуа со режисерите од одличниот The Theatre Bizarre во периодот на неговата американска премиера и ексклузивно за македонските читатели разговарав со Џереми Кастен, Бади Џиовинацо и Дејвид Грегори. Во овој број има уште едно интервју, направено со режисерот на одличниот Killers, Мајк Мендез.
            Од актуелните филмови кои сé уште крварат тука ќе може да ги прочитате анализите на гротескниот The Theatre Bizarre, суровите црно-бели The Bunny Games и The Human Centipede 2, британските Kill List, Retreat и Panic Button, филмовите во еден здив: Pig и The Silent House, австралијанскиот Snowtown, cinema verite хорорите Megan Is Missing и Undocumented и непотребниот римејк на The Thing и продолжението наречено Hostel 3. Љубителите на андерграунд филмовите ќе може да уживаат во gorehouse киното со проекциите на Dead Hooker In A Trunk и Father's Day. Тие пак што го сакаат својот хорор зачинет со хумор може да прочитаат неколку пофални зборови за хорор комедиите: The Revenant, Helldriver и Chop. Контињер-от како и секогаш е исполнет со хорор филмовите кои се срам за жанрот. Од старите и добри хорор филмови во салата за обдукции завршија Карпентеровиот Halloweeen, The Tenant на Полански, култниот Dead & Buried, Sympathy For Lady Vengeance на Парк Чан Вук, и црно-белите Man Bites Dog и Bride Of Frankenstein.     
            Од хорор статиите може да прочитате текстови посветени за режисерот Роман Полански, убиецот Пинхед, Phantasm филмскиот серијал, прикази за првите сезони на ТВ сериите Fear Itself и American Horror Story, Cinema Verite хорор поджанрот, текст за злоделата на цензорите, како и хорор панк и грајндерските музички рецензии. Во списанието има нова рубрика посветена за краткометражните хорор филмови, а изборот за во овој број падна на канадскиот Treevenge, австралијанскиот Saw, и епизодата 10.000 Volts: Zombies.  
            Кошмар како и секогаш може да го купите од неговиот автор со контактирање на мејлот: koshmarmk@yahoo.com по цена од само 60 денари. И овој број на списанието е испечатен на 40 страни, со колор насловна и два црно-бели постери. Купете го додека крвавата боја е сé уште свежа. Уживајте во хорор филмови и читајте Кошмар.  

Автор: Златко Ѓелески
Контакт мејл: koshmarmk@yahoo.com
Контакт телефон: 071-602-119




 

No comments:

Post a Comment