Седмиот број на македонскиот хорор магазин Кошмар е рекапитулирачко издание за 2009 година. Во пролетното издание на магазинот приложени се интервјуата со младиот режисер на Necromentia, Пери Тео и режисерот на култниот The Blair Which Project, Едуардо Санчез. Во ова издание на магазинот можете да ја погледнете листата за најдобри хорор филмови според Кошмар, избор направен од уредникот на магазинот. Во ова сведоштво на Кошмар може да ги прочитате анализите за продолжението Rec 2; слешерот The Hills Run Red; новиот зомби хорор на Ромеро Survival Of The Dead; психолошко инфериорните Triangle и Red Velvet; зомби радио апокалипсите Dead Air и Pontypool; прегледите на азискиот хорор за 2009 година, научно-фантастичните хорори за 2009 година и After Dark Horror Film Fest-8 Films To Die For за 2010 година; хорор комедиите: How To Be A Serial Killer, I Sell The Dead и Infestation; во контињерот не мора да ги погледнете: Legion, Twilight: New Moon и The 4th Kind, а секако дека мора да ги погледнете класиките: Henry, Portrait Of A Serial Killer, Deep Red, The Fly, Irreversible, The Mist, Тхе Wolf Мan; последните филмови од Guinea Pig серијалот, најреволуционерната епизода од Masters Of Horror серијалот и преглед на првата сезона од серискиот филм True Blood. Во ова издание на Кошмар има досие на режисерот Хершел Гордон Луис и серискиот убиец Норман Бејтс, приказ на серијалот Jaws, артикл за Снаф филмовите, фестивалскиот рапорт, музичките рецензии, филмските новости, како и анализата на хорор романот на Рамси Кемпбел The Overnight и расказ на авторот на магазинот.
Хорор културата на најдобар начин ги наградува луѓето кои ја создаваат и ја подржуваат, им дозволува да уживаат во мистериозните светови на бизарното и фантастичното, суровото и имагинарното, насладувајќи се од стравот. Уметничките вредности имаат главен збор во хорор жанрот. Сите што се инволвирани во него се горди на нивниот краен продукт, исто како што јас сум горд на седмиот број на Кошмар.
Контакт за нарачување: koshmarmk@yahoo.com
Телефон: 071/602-119
Цена: 60 денари
No comments:
Post a Comment