Thursday, March 15, 2012

КОШМАР 8 (Лето 2010)


   
         Кошмар слави две години на постоење. Со овој осми тестамент Кошмар на своите читатели им ја докажува својата лојална посветеност кон ширењето на гласот за хорор жанрот. Во овие две години Кошмар ја имаше честа низ него да поминат огромен број на модерни хорор класики и незаборавни хорор остварувања од далечното минато. Низ осмиот тестамент се провлекува една ненамерна тематска определба за потенцирање на најсуровите нешта снимени на филмската камера. Тоа можеби се наметна од фактот што Српски Филм стана дел од овој број. Во таа чест можете да читате интервју со балканскиот мајстор на специјалните ефекти Мирослав Лакобрија и едно интервју Трент Хага, Трома ветеранот кој на светот му докажа дека знае да биде успешен пред и зад камерата. Покрај анализата на Српски Филм, во летниот број можете да ги прочитате и анализите на Тотаговиот Murder Collection Vol. 1, Кинговата екранизација на Dolan's Cadilac, Гриновиот Frozen, Боловиот Rampage, Paintball, Knife Edge, австралијанските Penance и The Horseman, хорор комедиите Lesbian Vampire Killers, Smash Cut, Cabin Fever 2: Spring Fever, научно-фантастичните Splice и Repo Man. Како и секогаш има неколку филмови кои се најдоа во контињерот на магазинот. Од класиките низ страниците на осмиот број ќе се сретнете со: слешерот Black Christmas, Pet Sematary, Фулциевиот Zombie, Бутгерајтовиот Necromantic 2 и Faust, Love Of The Damned на Јузна, црнобелиот Dr. Jackyl And Mr. Hyde и анализа на првите два филма од Faces Of Death серијалот. Во ова издание има краток преглед на еволуцијата на Leprechaun серијалот, анализа на првите епизоди од втората сезона на Masters of Horror серијалот и втората сезона на True Blood. Режисерот на кому му е посветено најголемо внимание на неговото животно дело во бројов е Брајан Јузна, убиецот на изданието е Патрик Бејтман, а исто така можете да прочитате еден приказ за канибализам во хорор жанрот и есеј за ритуалната магија и модерниот хорор филм. Како и секогаш тука се вестите од филмските фестивали и хорор филмските остварувања во најава, како и музикчите рецензии на хорор панк и грајнд албуми, како и хорор саундтраци. Four Dark Nights антологијата е анализирана во овој број, во кој има и краток расказ на авторот. Тортата од човечки остатоци е подготвена и на неа се запалени две свеќи. Кошмар ги дува свеќите благодарение на подршката од своите читатели. Нека му е крвав роденденот.

Контакт и нарачување: koshmarmk@yahoo.com
Телефон: 071/602-119
Цена: 60 денари


No comments:

Post a Comment