Monday, May 21, 2012

Danse Macabre 99 епизода: Апокалиптични и пост-апокалиптични хорор филмови:




Apocalypse now or never, or maybe later

            На полноќ помеѓу 15 и 16 мај на Канал 103 започна 99 издание на радио хорор емисијата Danse Macabre посветено на апокалиптични те и пост-апокалиптичните хорор филмови, односно за хорор филмовите кои го тематизираат крајот на светот. Во оваа епизода јас и Боки се обидовме да ги прикажеме најразличните сценарија на хорор филмовите според кој би се одвивал крајот на човечкото постоење, уништувањето на човечката цивилизација и останатиот жив свет на планетата Земја. Покрај овие апокалиптични сценарија зборувавме и за концептот на денот потоа, односно што би се случило доколку некој ја преживее апокалипсата и која би била неговата функција во новата ера на животот на Земјата. Од пророштвата на античните цивилизации и народи за големите циклични процеси на уништувањето и создавањето, до научно-фантастичните теории за нуклеарната војна и животот на другите планети и универзуми, се обидовме да прикажеме колкава е моќта на човечката мисла во однос на неизбежното уништување на светот кое можно е да е започнато, а можно е и ние никогаш да не го дочекаме. Како причинители за доаѓањето на крајот на светот лоциравме повеќе епицентри, но голем дел од нив имаат ја имаат заедничката мотивација на возвраќањето на ударот на природата врз општеството, односно човештвото и неговите лажни морали и етика, па затоа и постои опцијата дека самите луѓе може да си ја предизвикаат својата судбина, поигрувајќи си со смртоносни играчки кои еднаш засекогаш ќе ги избришат разликите помеѓу луѓето пренесувајќи ги во царството на смртта. Како примери за оваа глобална doomsday забава беа посочени филмовите: Godzilla, Invasion of the Body Snatchers, The Birds, Dr. Strangelove, The Last Man on Earth, Night of the Living Dead, Soylent Green, Hardware, The Stand, Donnie Darko, 28 Days Later, Doomsday, Team America, The Road, Melancholia, The Divide, Take Shelter, Prometheus и други. Музичкиот избор кој ние сметаме дека е соодветен за пречекување на крајот на постоењето е составен од композиции на: Pelican, God Is An Astronaut, Crowbar, Orchid, Cathedral, Electric Wizard, Weedeater, Anguish, Cult Of Occult, Asphyx, Bongripper и други.
            Линкот за ова апокалиптично издание на емисијата Danse Macabre може да го пронајдете под текстот, издание кое на симболичен начин е едно скалило до јубилејот на самата емисија – стоттото издание кое ќе биде посветено на прекрасната визија на ужасниот свет на Ханс Рудолф Гигер, како наше заблагодарување за сите негови ненадминливи созданија од пеколните кошмари. Дотогаш уживајте во хорор филмови и плашете се. Смрт за цензорите и политичката коректност – да живее хорор жанрот.  

Линк за епизодата:













Monday, May 14, 2012

Danse Macabre 98 епизода: Ако ме силуваш ќе те убијам




Rape – revenge horror

            На полноќ помеѓу осми и деветти мај на Канал 103 започна 98 издание на радио хорор емисијата Danse Macabre посветено на хорор филмовите кои се базираат на силување/одмазда концептот. Во оваа епизода на емисијата јас и Боки позборувавме за основните тропи на овој хорор поджанр, функцијата и трансформацијата на главната хероина од жртва во убиец, односно губењето на едниот идентитет со сопствените идеали и преземањето на друг идентитет кој ја задоволува својата жед за одмазда. Позборувавме и за експлоататорските и за високите уметнички вредности на овој концепт кој може да се пронајде и во други филмски жанрови како што се драмите и акционите филмови, како и блискоста со поджанрот на хорор филмови со упад во домовите. Направивме и паралела помеѓу класиците на овој жанр и нивните римејка и наглата популаризација за овој филмски поджанр. Во оваа епизода се послуживме со филмските примери за овој поджанр како: Thriller: A Cruel Picture, Last House On The Left, I Spit On Your Grave, Ms .45, Sympathy for Lady Vengeance, Torched, Baise Moi, Irreversible, House On the Edge Of The Park и други. Музиката со која го поткрепивме нашето вербално силување на радио брановите ја сочинуваа композиции на: Marilyn Manson, Rob Zombie, Paradise Lost, Cannibal Corpse, Deicide, Funeral Rape, Ministry, Tenacious D, Def Con Dos, 45 Grave и други.
            Линкот за епизодата може да го пронајдете под текстов и слободно спуштете го овој раритетен осврт на овој контроверзен хорор поджанр. Се надеваме дека детално пенетриравме во сржта на овој филмски поджанр и неговите квалитети ги доближивме до љубителите на филмот. Слободоумните верувам дека веќе имаат погледнато голем дел од овие филмови кои ги анализиравме во емисијата, а тие што си ги одгледуваат сопствените предрасуди се надеваме дека нема тоа да го практикуваат уште многу долго време и да го силуваат овој поджанр, етикетирајќи го со погрдни зборови. Смрт за цензорите и политичката коректност. Уживајте во хорор филмови и плашете се.


Линк за епизодата: 











Friday, May 4, 2012

Danse Macabre 97 епизода: Мрак Фест 1.666 на Канал 103




            На полноќ помеѓу први и втори мај на радио Канал 103 започна 97 издание на радио хорор емисијата Danse Macabre посветено на ревијата на хорор филмови наречена Мрак Фест 1.666 која ја организираше Danse Macabre и хорор списанието Кошмар во Ла Кања. Во оваа епизода позборувавме за причините за изборот на филмови на филмската ревија, за тоа зошто баш предност им се даде на овие култни и неповторливи хорор остварувања. Дадовме еден осврт и на самите проекции и на експериментот кој го направивме со генерациската поделба на гледачи на овие филмови и како младите гледачи се одневуваат со овие вонвременски филмови кои во себе содржат огромен број на култни хорор сцени кои никогаш не биле прикажани во Македонија на големото платно. Позборувавме за тоа дека сосема поразлично искуство е тоа што ние го понудивме во Ла Кања од тоа што го практикуваат луѓето кои не дојдоа на фестивалот – гледањето на истите филмови со помош на интерентот и торентите на нивните компјутерски монитори. Докажавме дека разликата е огромна и неспоредлива. Хорор филмот е наменет да се доживее со публика на големо платно, а не да се гледа на мобилен или на компјутер. На тој начин еден Cannibal Holocaust ја добија својата стравотна визура, зомбијата на Ромеро излегуваат од филмското платно, гледачите полесно навлегуваат во лудилото на Потстанарот, на Изабела Аџани и на Џон Карпентер и ги запознаваат мрачните улички и окултни куќи на Италија. Затоа голема благодарност до луѓето кои навреме ја сфатија нашата кауза за споделување на тоа бесценето искуство и доаѓаа на проекциите на хорор филмовите. Тие што сметаа дека доволно е да кликнат attending на фејсбук, а сметаат дека не е потребно да потрошат дел од нивното скапоцено време и да дојдат на некоја од проекциите пропуштија шанса да ги погледнар ремек-делата на Кроненберг, Карпентер, Ромеро, Полански, Иглесија, Деодато, Бава, Роег, Жулавски. Не постои доволно добар изговор за еден љубител на хорор филмови кој би одбил да ги погледне овие филмови на големо платно, но, секој со своите предрасуди. Во оваа епизода музичката подлога беше составена од остварувањата на композитеорите кои имаат работено на филмовите кои беа прикажани на Мракфест 1.666 со што овозможивме фестивалот да си добие и едно радио издание и бидејќи покрај тоа што овие хорори имаат фантастична визуелизација која е во брак со прекрасна музика која си го пронајде своето место во ова издание на Danse Macabre. Како организатори на Мрак Фест 1.666 сме презадоволни од искуството на овој хорор фестивал и го имаме задоволено „тинејџерскиот хорор фан“ кој го носиме во себе си.    
            Линкот за спуштање на оваа епизода ќе може да го пронајдете под текстов. Се гледаме на наредното издание на Мрак Фест предвидено за Халоуин оваа година, кога на репертоар ќе се пронајдат свежи и моќни хорор остварувања кои ќе крварат од филмското платно. Уживајте во хорор филмови и плашете се.   

Линк за епизодата: 















Wednesday, May 2, 2012

Danse Macabre 96 епизода: Monster Mash-Up




Нека победи најстрашниот монструм

            На полноќ помеѓу 24 и 25 август на радио Канал 103 започна 96 издание на хорор емисијата Danse Macabre, во ист термин, но во различен ден и ќе продолжи да се емитува секој вторник по полноќ. Емисијата останува во старо руво - со проверен и добро познат концепт, само се приспособува на промената на програмската шема, се немаме разнежнето и сé уште остануваме верни до смрт на хорор жанрот. Во оваа емисија позборувавме за една од основите на самиот филмски хорор жанр -  монструмите и одлучивме да влеземе во потрага по филмовите каде анти-хероите во хорор филмовите, односно хероите на хорор фановите се спротивставуваат еден против друг, делејќи го филмското платно како заеднички ринг каде до израз доаѓаат нивните слабости и моќи. Оваа епизода беше посветена на хорор фановите од сите генерации кои имаат израснато со овие хорор чудовишта кои сами по себе се синоним за хорор жанрот. Во емисијата имавме привилегија да ни бидат гости монструмот на Франкенштајн, грофот Дракула, д-р Џекил и мистер Хајд, Фантомот на операта, мумијата, суштеството од црната лагуна, невидливиот човек, човекот волк, прекрасната невеста на Франкенштајн, Годзила, семејството Адамс и нивните модерни наследници како што се: вонземјаните, предаторите, Фреди, Џејсон, вампирите и врколаците од малите и големите екрани и секое оживеано мртво суштество од филмското платно беше во студиото на Канал 103 да се бори за титулата „најстрашен монстум во хорор филм“. Слушателите секако дека може да си го одберат својот фаворит, но факт е дека без разлика дали станува збор за борба помеѓу чудовиштата на „Јуниверсал“ или пак нивните модерни наследници, факт е дека сите се заслужни за збогатување на хорор жанрот и зголемување на бројот на хорор фановите. Музиката која одеше во позадина на секоја борба на монструмите ја сочинуваа рок енд рол и хорор панк композиции на: Alice Cooper, Blue Oyster Cult, Goblin, Smashing Pumpkins, Flaming Lips, Rezurex, Misfits, Chrome Division, Bloodsucking Zombies From Outer Space, DieMonsterDie, Queens Of The Stone Age и многу други.
            По текстов ќе може да се најде линк за спуштање на емисијата. Овој ол-стар на хорор монструми се надеваме дека ги задоволи сите љубители на хорор жанрот, затоа што хорор културата без монструмите не би постоела, тие се првите литературни адаптации на филмското платно, првите мртовци од пишаниот збор кои се оживеани на големиот екран. Затоа гледајте хорор филмови и плашете се.      

Линк за емисијата: