Monday, March 26, 2012

Danse Macabre 92 епизода: Violent Cinema. Влијанието на насилството во хорор филмовите. Секири, моторни пили, сатори, чекани, мачети, ножици, убијци и жртви.



BLEED FOR ME

            На полноќ помеѓу 23 и 24 март на брановите на Канал 103 се емитуваше 92-то издание на радио хорор емисијата Danse Macabrе посветено на насилството во хорор филмовите и неговите импликации во реалноста. Во оваа епизода јас Ивица и Боки позборувавме за неиздржаните обвинувања на психолозите и цензорите во поглед на насилните сцени кои се прикажуваат во хорор филмовите и тоа дека не може никаква паралела да се направи помеѓу нив и реалноста, затоа што лажната реалност не создава убијци, туку вистинската реалност ги создава со помош на семејното насилство, образованието и социјалните услови во кои се одгледуваат убијците. Во емисијата позборувавме и за тоа како стравот е најмоќното оружје на медиумите, со оглед на тоа што ударни вести се тие во кои е извршен некој насилен чин и како тоа на најбезболен начин им се сервира на гледачите создавајќи погрешна перцепција за реалноста. Зборувавме и за потребата на луѓето да се плашат во контролирани околности, за нивните примални нагони да може да ги реализираат преку катарзичното празнење со помош на стилизираните крвави сцени на големиот екран. На тој начин хорор филмот ќе си ја изврши својата функција да ја задоволи потребата за плашење исто како што една комедија треба да насмее, еден документарец да едуцира, а еден акционен филм да прикаже херој кој ќе се бори против силите на злото. Музичката подлога за оваа епизода беше доста еклектична, од една страна тука се Louis Armstrong, Tom Waits, David Bowie, Violent Femmes со нивните видувања за насилството во светот, а од друга страна тука се Slayer, Overkill, Marilyn Manson, Liars, Naked City, Мизар, Ministry и нивните музички визии на насилниот свет.
            Линкот за спуштање на емисијата може да го пронајдете под текстов. Оваа емисија беше посветена во одбрана на хорор жанрот, на сето тоа што тој претставува и против сите негативни конотации кои моралните лицемери сакаат да му ги препишат. Danse Macabrе, Кошмар и Мрак Фест со задоволство ќе продолжат да ја шират хорор културата во Македонија, без разлика на тоа на кои душегрижници нашата работа нема да им се допадне. Смрт за политичката коректност и цензурата. Да живее хорор жанрот.       


Линк за емисијата: 

Last House On The Left
I Spit On Your Grave

The Evil Dead

Henry, Portrait Of A Serial Killer

Maniac

The Driller Killer

Flower Of Flesh And Blood
Murder Set Pieces
Irreversible

Inside

Martyrs

A Serbian Film

The Human Centipede 2



No comments:

Post a Comment