Monday, May 21, 2012

Danse Macabre 99 епизода: Апокалиптични и пост-апокалиптични хорор филмови:




Apocalypse now or never, or maybe later

            На полноќ помеѓу 15 и 16 мај на Канал 103 започна 99 издание на радио хорор емисијата Danse Macabre посветено на апокалиптични те и пост-апокалиптичните хорор филмови, односно за хорор филмовите кои го тематизираат крајот на светот. Во оваа епизода јас и Боки се обидовме да ги прикажеме најразличните сценарија на хорор филмовите според кој би се одвивал крајот на човечкото постоење, уништувањето на човечката цивилизација и останатиот жив свет на планетата Земја. Покрај овие апокалиптични сценарија зборувавме и за концептот на денот потоа, односно што би се случило доколку некој ја преживее апокалипсата и која би била неговата функција во новата ера на животот на Земјата. Од пророштвата на античните цивилизации и народи за големите циклични процеси на уништувањето и создавањето, до научно-фантастичните теории за нуклеарната војна и животот на другите планети и универзуми, се обидовме да прикажеме колкава е моќта на човечката мисла во однос на неизбежното уништување на светот кое можно е да е започнато, а можно е и ние никогаш да не го дочекаме. Како причинители за доаѓањето на крајот на светот лоциравме повеќе епицентри, но голем дел од нив имаат ја имаат заедничката мотивација на возвраќањето на ударот на природата врз општеството, односно човештвото и неговите лажни морали и етика, па затоа и постои опцијата дека самите луѓе може да си ја предизвикаат својата судбина, поигрувајќи си со смртоносни играчки кои еднаш засекогаш ќе ги избришат разликите помеѓу луѓето пренесувајќи ги во царството на смртта. Како примери за оваа глобална doomsday забава беа посочени филмовите: Godzilla, Invasion of the Body Snatchers, The Birds, Dr. Strangelove, The Last Man on Earth, Night of the Living Dead, Soylent Green, Hardware, The Stand, Donnie Darko, 28 Days Later, Doomsday, Team America, The Road, Melancholia, The Divide, Take Shelter, Prometheus и други. Музичкиот избор кој ние сметаме дека е соодветен за пречекување на крајот на постоењето е составен од композиции на: Pelican, God Is An Astronaut, Crowbar, Orchid, Cathedral, Electric Wizard, Weedeater, Anguish, Cult Of Occult, Asphyx, Bongripper и други.
            Линкот за ова апокалиптично издание на емисијата Danse Macabre може да го пронајдете под текстот, издание кое на симболичен начин е едно скалило до јубилејот на самата емисија – стоттото издание кое ќе биде посветено на прекрасната визија на ужасниот свет на Ханс Рудолф Гигер, како наше заблагодарување за сите негови ненадминливи созданија од пеколните кошмари. Дотогаш уживајте во хорор филмови и плашете се. Смрт за цензорите и политичката коректност – да живее хорор жанрот.  

Линк за епизодата:













No comments:

Post a Comment