Wednesday, May 2, 2012

Danse Macabre 96 епизода: Monster Mash-Up




Нека победи најстрашниот монструм

            На полноќ помеѓу 24 и 25 август на радио Канал 103 започна 96 издание на хорор емисијата Danse Macabre, во ист термин, но во различен ден и ќе продолжи да се емитува секој вторник по полноќ. Емисијата останува во старо руво - со проверен и добро познат концепт, само се приспособува на промената на програмската шема, се немаме разнежнето и сé уште остануваме верни до смрт на хорор жанрот. Во оваа емисија позборувавме за една од основите на самиот филмски хорор жанр -  монструмите и одлучивме да влеземе во потрага по филмовите каде анти-хероите во хорор филмовите, односно хероите на хорор фановите се спротивставуваат еден против друг, делејќи го филмското платно како заеднички ринг каде до израз доаѓаат нивните слабости и моќи. Оваа епизода беше посветена на хорор фановите од сите генерации кои имаат израснато со овие хорор чудовишта кои сами по себе се синоним за хорор жанрот. Во емисијата имавме привилегија да ни бидат гости монструмот на Франкенштајн, грофот Дракула, д-р Џекил и мистер Хајд, Фантомот на операта, мумијата, суштеството од црната лагуна, невидливиот човек, човекот волк, прекрасната невеста на Франкенштајн, Годзила, семејството Адамс и нивните модерни наследници како што се: вонземјаните, предаторите, Фреди, Џејсон, вампирите и врколаците од малите и големите екрани и секое оживеано мртво суштество од филмското платно беше во студиото на Канал 103 да се бори за титулата „најстрашен монстум во хорор филм“. Слушателите секако дека може да си го одберат својот фаворит, но факт е дека без разлика дали станува збор за борба помеѓу чудовиштата на „Јуниверсал“ или пак нивните модерни наследници, факт е дека сите се заслужни за збогатување на хорор жанрот и зголемување на бројот на хорор фановите. Музиката која одеше во позадина на секоја борба на монструмите ја сочинуваа рок енд рол и хорор панк композиции на: Alice Cooper, Blue Oyster Cult, Goblin, Smashing Pumpkins, Flaming Lips, Rezurex, Misfits, Chrome Division, Bloodsucking Zombies From Outer Space, DieMonsterDie, Queens Of The Stone Age и многу други.
            По текстов ќе може да се најде линк за спуштање на емисијата. Овој ол-стар на хорор монструми се надеваме дека ги задоволи сите љубители на хорор жанрот, затоа што хорор културата без монструмите не би постоела, тие се првите литературни адаптации на филмското платно, првите мртовци од пишаниот збор кои се оживеани на големиот екран. Затоа гледајте хорор филмови и плашете се.      

Линк за емисијата:














No comments:

Post a Comment