Friday, May 4, 2012

Danse Macabre 97 епизода: Мрак Фест 1.666 на Канал 103




            На полноќ помеѓу први и втори мај на радио Канал 103 започна 97 издание на радио хорор емисијата Danse Macabre посветено на ревијата на хорор филмови наречена Мрак Фест 1.666 која ја организираше Danse Macabre и хорор списанието Кошмар во Ла Кања. Во оваа епизода позборувавме за причините за изборот на филмови на филмската ревија, за тоа зошто баш предност им се даде на овие култни и неповторливи хорор остварувања. Дадовме еден осврт и на самите проекции и на експериментот кој го направивме со генерациската поделба на гледачи на овие филмови и како младите гледачи се одневуваат со овие вонвременски филмови кои во себе содржат огромен број на култни хорор сцени кои никогаш не биле прикажани во Македонија на големото платно. Позборувавме за тоа дека сосема поразлично искуство е тоа што ние го понудивме во Ла Кања од тоа што го практикуваат луѓето кои не дојдоа на фестивалот – гледањето на истите филмови со помош на интерентот и торентите на нивните компјутерски монитори. Докажавме дека разликата е огромна и неспоредлива. Хорор филмот е наменет да се доживее со публика на големо платно, а не да се гледа на мобилен или на компјутер. На тој начин еден Cannibal Holocaust ја добија својата стравотна визура, зомбијата на Ромеро излегуваат од филмското платно, гледачите полесно навлегуваат во лудилото на Потстанарот, на Изабела Аџани и на Џон Карпентер и ги запознаваат мрачните улички и окултни куќи на Италија. Затоа голема благодарност до луѓето кои навреме ја сфатија нашата кауза за споделување на тоа бесценето искуство и доаѓаа на проекциите на хорор филмовите. Тие што сметаа дека доволно е да кликнат attending на фејсбук, а сметаат дека не е потребно да потрошат дел од нивното скапоцено време и да дојдат на некоја од проекциите пропуштија шанса да ги погледнар ремек-делата на Кроненберг, Карпентер, Ромеро, Полански, Иглесија, Деодато, Бава, Роег, Жулавски. Не постои доволно добар изговор за еден љубител на хорор филмови кој би одбил да ги погледне овие филмови на големо платно, но, секој со своите предрасуди. Во оваа епизода музичката подлога беше составена од остварувањата на композитеорите кои имаат работено на филмовите кои беа прикажани на Мракфест 1.666 со што овозможивме фестивалот да си добие и едно радио издание и бидејќи покрај тоа што овие хорори имаат фантастична визуелизација која е во брак со прекрасна музика која си го пронајде своето место во ова издание на Danse Macabre. Како организатори на Мрак Фест 1.666 сме презадоволни од искуството на овој хорор фестивал и го имаме задоволено „тинејџерскиот хорор фан“ кој го носиме во себе си.    
            Линкот за спуштање на оваа епизода ќе може да го пронајдете под текстов. Се гледаме на наредното издание на Мрак Фест предвидено за Халоуин оваа година, кога на репертоар ќе се пронајдат свежи и моќни хорор остварувања кои ќе крварат од филмското платно. Уживајте во хорор филмови и плашете се.   

Линк за епизодата: 















No comments:

Post a Comment