Thursday, December 15, 2011

Danse Macabre 80 епизода: Одмор од вашите кошмари




Летувајте со туристичката агенција на Danse Macabre до егзотичните дестинации во еден правец


            На полноќ помеѓу деветти и десетти декември започна осумдесеттата епизода на радио хорор емисијата Danse Macabre на Канал 103. Оваа недела јас, Ивица и Боки решивме да ве прошетаме низ најатрактивните туристички дестинации кои толку многу пленат со своите убавини што кога еднаш ќе ги посетите никогаш нема да може да се вратите во удобноста на вашите домови. Ако пред неколку епизоди важеше девизата дека вашите куќи се проколнати, во оваа епизода важи правилото „There is no place like home, There is no place like home, There is no place like home“. Како совесни туристички водичи екипата на Danse Macabre ви подготви неколку пакет аранжман со кои може да ги посетите овие далечни локации на другиот крај на светот за кои вреди да се умре. Во контекст на тоа приложивме неколку урбани легенди кои се поврзани со процесот на патувањето и неколку среќни патувања кои завршиле со несреќен крај. Во емисијата ги посетивме локациите на неколку незаборавни туристички хорори како: Hostel, Turistas, From Dusk ‘Till Dawn, A Perfect Getaway, Wolf Creek, The Descent, Cabin Fever, Open Water како и туристичките локации кои никогаш не стареат, како на пример тие во Tourist Trap, The Hills Have Eyes, The Texas Chainsaw Massacre, The Hitcher, An American Werewolf in London, Friday the 13th, Cannibal Holocaust, The Evil Dead и многу други. Доколку веќе патувате ви понудивме внимателно одбрана музика која може да ви го збогати патувањето, па од радио приемникот во вашето возило може да слушнете музика компонирана од Анџело Бадаламенти и Дејвид Линч, потоа музика од бендовите: Tito and Tarantula, Probot, Mastodon, Stoner Train, Orchid, SubRosa, Marilyn Manson, The Dillinger Escape Plan, Acid Bath и многу други.
            Линкот за емисијата е поставен под текстов. Со Danse Macabre не ви е потребна туристичка виза да патувате на егзотичните места. Не ви е потребна никаква легитимација која и така при другите патувања ќе ви биде украдена. Само потребно е да платите однапред, во готово. Не примаме плаќање на рати затоа што сигурно нема да се вратите од вашето патување, за кое ви гарантираме дека ќе биде уникатно и неповторливо. Уживајте во хорор филмови.

Линк за емисијата:

http://ifile.it/ykt714v


Cannibal Holocaust

Friday the 13th

From Dusk ‘Till Dawn

Hostel

Hostel 2

The Hitcher

The Hills Have Eyes

Tourist Trap

Turistas

No comments:

Post a Comment