Monday, December 5, 2011

Danse Macabre 79 епизода: Снаф филмот како најекстремна уметничка форма




Светло, камера, акција...смрт


На полноќ помеѓу втори и трети декември започна новата епизода на радио хорор емисијата Danse Macabre и како тематска определба на 79-тата епизода беше најконтроверзниот филмски хорор поджанр, неговата екселенција - Снаф филмот. Јас и Боки се одлучивме да му дадеме простор на овој феномен на популарната култура во македонскиот радио етер и јавно да проговориме за уметничката и криминалистичката страна на филмовите за убивање пред камера. Дискутиравме за тоа каде и како се појавиле овие филмови, кој сé има снимено Снаф филм, говоревме за тоа кои се границите кои еден уметник треба да ги надмине за да може да го прикаже забранетото пред камера. Во емисијата зборувавме за хорор филмовите во кои се употребуваат Снаф елементи кои се составен дел од сценариото и говорат за феноменот на Снаф филмовите, филмови како прекрасните: Peeping Tom, Snuff, Thesis, Videodrome, Cannibal Holocaust, Mute Witness, 8 mm, Snuff-Movie, Snuff 102 и српските Zivot i Smrt Porno Bande, Srpski Film и E-Snuff. Во друг сегмент беа категоризирани стилизираните Снаф филмови, односно тие кои со својата суровост се доближуваат до границата на уметноста, филмови како: August Underground трилогијата, Guinea Pig серијалот, Broken, I Love Snuff, Psycho, Mu Zan E, The Great American Snuff Film и многу други. Последниот дел од емисијата е посветен за криминалистичката страна на Снаф филмовите, односно филмовите кои ги имаат снимено сериските убијци при убивањето и мачењето на своите жртви, егзекуциите на војниците во Блискиот Исток, атентатите кои се прикажани во медиумите и документарците кои содржат снимки во кои се овековечува убивањето, односно тие се сведоштва на преминот помеѓу завршувањето на животот и започнувањето смртта. За инспирација на убијците подготвивме и музика која одговара на темата, композиции на: Nine Inch Nails, Bongripper, Tool, Slayer, Necrophagia, Voodoo Zombie, Lonely Kamel, Maldoror, Peeping Tom, Planet X и други.
Линковите за оваа епизода можете да ги најдете под текстов. Првиот е целосната верзија на емисијата, со говорот, извадоците од филмовите и музиката, а вториот е линк за изолиран аудио фајл составен само од говорот за тие што се заинтересирани да го слушнат само говорниот сегмент од студиото во Канал 103 за Снаф филмот. Екипата на Danse Macabre ви стои на располагање да го овековечи вашето прво и последно појавување пред камера (Боки е подготвен да ја вклучи камерата, а јас секогаш имам оружје при рака). Уживајте во хорор филмовите. 



Линк за епизодата

http://ifile.it/ljume9q


Линк само со говорот во студио

http://i.mixcloud.com/Cv1G9



Snuff

Srpski Film

Cannibal Holocaust

Maskhead

Mute Witness

Thesis

Snuff 102

Snuff Movie

The Great American Snuff Film

Videodrome

August Underground
Peeping Tom



1 comment:

  1. Lepo što si nabudžio sve ove filmove na jedno mesto :)

    ReplyDelete