Морбидизам
на Златко Ѓелески, Македонски Кошмар, 2012
„Морбидизам“ е првата збирка на кратки хорор
раскази на Златко Ѓелески. Таа е сублимат од хорор раскази кои се пишувани во
период од пет години. Во неа има селекција од педесет хорор раскази, поделени во
три групи: првата ги содржи расказите кои се напишани пред пет, односно четири
години, втората ги содржи најдолгите раскази кои се напишани пред три години, а
во третиот дел од збирката се наоѓаат последните раскази кои ги има напишано
авторот. Тоа е најдобар начин да се забележи еволуцијата на неговиот стил и
начин на пишување и изборот на теми кои периодично доминирале во неговата
проза. Скоро сите хорор поджанрови се дел од оваа збирка, односно застапени се
тие хорор поджанрови чиј конвенции и клишетизирани шаблони се предизвикуваат со
експеримент во кој се предизвикува границата на нивното дејствување. Авторот во
своите раскази употребува голем број на постмодернистички техники за поигрување
со тропите на жанрот. Дел од ликовите на расказите се само одраз не нечие
непостоење, тие се одблесоци од спомените кои ги имаме за некои луѓе и појави
од далечното минато или пак се кошмарни визии за блиската иднина. Оваа книга е
издадена под етикетата на дигиталната издавачка куќа која се нарекува
„Македонски Кошмар“, создадена само со една цел – промовирање на хорор
културата во Македонија. Златко Ѓелески е сопственикот на ова издаваштво кое во
иднина ќе продолжи да го промовира и поддржува хорор жанрот во оваа држава. Потребата
за дигиталното издаваштво се јави во моментот кога овие раскази беа понудени на
македонските книжевни издавачи и не беа прифатени поради жанрот во кој беа напишани.
Затоа „Морбидизам“ останвува да биде бесплатно дигитално издание сé додека
луѓето не сфатат дека и хорор литературата е дел од уметноста, со свои правила,
вредности и квалитети. Секако дека останува простор некој од македонските
издавачи да ги надмине своите предрасуди околу жанрот и да ја издаде книгата во
печатена форма, а сé додека тоа научно-фантастично сценарио не стане реалност
оваа збирка на хорор раскази ќе може да ја симнете од овој блог под капата на
„Македонски Кошмар“. „Морбидизам“ е прилично субверзивна и бизарна книга која
мора да биде издадена на овој начин за бескомпромисно да се сочува нејзината
моќ.
Печатеното издание на книгата е во подготовка.
Печатеното издание на книгата е во подготовка.
Честитки Златко, нека се множат расказите, се надевам ќе успеете да ја издадете и во печатена форма.
ReplyDeleteПоздрав.
Can't read a damn word. But it's great that you used my drawing! it looks cool!
ReplyDeleteMe and Izgor Core will translate some of the short stories to English and will send them to you. Thank you for your permission to use your wonderful work for the book.
Delete