Danse Macabre 87 издание: Култови и секти во хорор жанрот – Крв на олтарот...
Ritual sacrifice in the name of horror
По полноќ помеѓу 10 и 11 февруари на Канал 103 започна 87 идание на радио хорор емисијата Danse Macabre, овој пат посветено на тоа како настануваат култовите и сектите, што впрочем се тие, кои се нивните членови и лидери. Во оваа емисија зборувавме за најпознатите деструктивни и автодеструктивни култови и за култовите кои се претставени во хорор филмовите, започнувајќи од Rosemary’s Baby, The Wicker Man и The Devil's Rain, преку Suspiria, Children of the Corn, The Ninth Gate и Suicide Club па сé до Martyrs, The House Of The Devil, Red State и Martha Marcy May Marlene. Од култовите во светски рамки се префрливме на неколку „домашни“ култови и секти и позборувавме за балканските и македонските кружоци на Црна Ружа и останатите секти и на наше големо задоволство прочитавме извадоци од романот на Димко Тасевски – Дитас „Децата на ѓаволот“, потенцирајќи како не треба да изгледа еден приказ на оваа тема и за тие што се заинтересирани за литература на оваа тема го потенциравме романот „Наживо“ на Дејан Огњановиќ како одличен извор за тоа. Во емидијата ќе може да слушнете како зборува ѕверот Алистер Кроули и да го слушните како свири магот Антон Ла Веј и неговите следбеници од Сатанистичката црква во нивниот бенд Radio Werewolf и секако голем број на одлични „секташки“ композиции од: The Beatles, Black Sabbath, Cult Of Occult, Orange Goblin, Pop, Nebula, Church Of Misery, Electric Wizard, Tool, Fantomas, Black Widow и други.
Под текстов ќе може да го најдете линкот за спуштање на оваа епизода. Повторно имате избор дали ќе ја преземете целосната епизода или ќе го слушате само говорот додека ги изведувате вашите ритуали, но за што и да се одлучите, јас Ивица и Боки сме тука да ви помогнеме во ритуалното жртвување во името на хоророт. Смрт за цензорите и политичката коректност – да живее хорор жанрот.
No comments:
Post a Comment