Monday, July 11, 2011

Вес Карпентер на Danse Macabre




Џон Карпентер

Вес Крејвен




The Wes Carpenter story

Во петок (24 јуни 2011 година) по полноќ започна уште 74-тото издание на радио емисијата Danse Macabre ка Канал 103. Во оваа епизода Јас, Ивица и Боки разговаравме за двајцата најголеми хорор режисери на сите времиња: Џон Карпентер и Вес Крејвен. Збоуваме за нивните најзначајни хорор остварувања: Halloween, The Thing, Body Bags, In The Mouth Of Madness, Cigarette Burns, Pro Life, The Ward на Џон Карпентер, како и The Last House On The Left, The Hills Have Eyes, A Nightmare On Elm Street, Deadly Friend, A New Nightmare, Music Of The Heart, Scream, My Soul To Take, Scream 4 на Вес Крејвен. Покрај тоа ќе слушнете кои хорор римејкови и продолженија ве чекаат оваа и наредната година. Покрај тоа што ќе слушнете неколку трејлери од набројаните филмови, исто така и ќе слушнете музика од самите филмови, како и музика од бендовите: Bauhaus, The Zombies, The Moody Blues, Crystal Stilts, Meteors, Misfits, Nick Cave, Zombie Zombie, The Novocaines и други. Целосната епизода можете да ја преземете од линкот кој се наоѓа под текстов. Целта на оваа епизода беше да им се даде почит на делата на најзначајните живи хорор режисери на денешницата, чиј творби имаат огромно значење за мене, Ивица и Боки. Затоа слободно спуштете ја епизодата од линкот и уживајте во хорор филмовите. Смрт за цензурата и политичката коректност – да живее хорор жанрот!      


Линкот за емисијата:




Мајкл Маерс на Карпентер


Фреди Кругер на Крејвен

Џон Карпентер во Body Bags

Вес Крејвен во Scream
Постерот на The Thing на Карпентер

Постерот за Scream на Вес Крејвен

No comments:

Post a Comment