КОШМАР ВО DANSE MACABRE
Во петок (17 јуни 2011 година) по полноќ започна 73-тото издание на хорор емисијата Danse Macabre на радио Канал 103. Јас бев гостин на оваа радио емисија. Оваа епизода беше поделена на три сегменти: првиот беше посветен на македонскиот хорор магазин Кошмар, вториот беше посветен на Српски Филм кој пак беше вовед во последниот дел на емисијата што всушност претставуваше тематската концепту-ализација на епизодата, наречен Политички Хорор, односно во тој сегмент низ една историографска призма беше претставен меѓусебниот однос на политиката и хорор жанрот. Оваа епизода на Danse Macabre покрај тоа што обработуваше доста интригантна тема на која разговаравме јас, Ивица и Боки, беше исполнета и со одлична музика од фантастичните бендови како Tool, Ghost, Sleepytime Gorilla Museum, Acid Bath, Electric Wizard, The Melvins, Death In June, Grinderman, Swans, како и насловните теми од The Devils Rejects, Suspiria, Nekromantik, The Texas Chainsaw Massacre, Српски Филм. Целосното 73-то издание на Danse Macabre може да го спуштите од линкот кој е поставен под текстов. Соработката помеѓу македонскиот хорор магазин Кошмар и радио емисијата Danse Macabre ќе продолжи и во иднина, па се надевам дека ќе уживате од плодовите на таа соработка, од кои дел е и оваа епизода. Смрт за цензурата и политичката коректност – да живее хорор жанрот!
Линк од епизодата:
No comments:
Post a Comment