Sunday, June 19, 2011

Кошмар Тестамент бр. 9 (Есен-Зима 2010)


КОШМАР 9

            Кошмар и оваа година има обединувачки број за две сезони. Причината поради која Кошмар 9 ги опфаќа есен и зима е тоа што есенскиот период е најбогатиот филмски период за хорор жанрот во годината и потребно е (како што се покажа минатата година) да се создаде поголем избор за да се направи квалитетна селекција, затоа што летото е апсолутно сушен период за жанрот, чиј последици би ги сносил квалитетот на есенскиот број на Кошмар. Не дека квантитетот раѓа квалитет, но сите автори сакаат да ги протнат своите проекти околу Хеловин па затоа за доброто на читателите се избегнати апатичните просечни филмови и издвоени се филмовите кои изобилуваат со моментално најголемиот квалитет во хорор жанрот во светот. Затоа во магазинот ќе прочитате анализи на српскиот Zivot I Smrt Porno Bande, последниот филм од Saw, свежиот и независен The Loved Ones, Ноевиот Enter The Void, Chatroom на Наката, корејскиот I Saw The Devil, независните но моќни: Amer, Neighbor, Hunger, Buried, Heartless, 7 Days, Machete на Родригез, кино хитот Paranormal Activity 2, како и хорор комедиите: Brutal Massacre, Rosencrantz & Guildenstern Are Undead, Suck. Во овој број можете да ги прочитате интервјуата направени со канадскиот хорор режисер Рајан Николсон и финските хорор режисери Томи Лепола и Теро Молин. Од класиците своето место во Кошмар го пронајдоа: Карпентеровиот The Fog, шокументарецот The Last Broadcast, Крејвеновиот A Nightmare On Elm Street, генијалниот Subconsious Cruelty, The Evil Dead на Раими и црно-белата класика London After Midnight. Во бројот има артикли за третиот и четвртиот дел од Faces Of Death серијалот, Poltergeist трилогијата, втората сезона на Masters of Horror и третата сезона на True Blood, прилог за делото на Вес Крејвен и убиецот Кендимен, разработена е идеологијата на Вампирскиот хорор поджанр и феноменот на римејкувањето. Секако дека контињерот е наполнет со најлошите филмови, а има и фестивалски рапорт како и филмски новости. Од музичките рецензии ќе читате за хорор панк изданијата во рубриката Дисторзиран хорор, филмска музика во Аудиодром и грајнд во Грајндер. Во бројот има анализа на хорор книга и расказ на авторот на Кошмар.
            Кошмар се создава додека луѓето спијат. Ова е магазин кој е работен од еден човек и сам по себе бара големо внимание и посветеност, а пред се многу труд и добро познавање на жанрот. Ова се критериумите и вредностите врз кои е израснат Кошмар, ако тие се доволни за вас, тогаш станете дел од подржувачите на овој македонски хорор магазин.     


Хорор филмовите ги сметам за уметност, филмови за соочување. Филмови кои бараат да се соочиме со одредени аспекти на нашите животи кои се тешки за соочување. Ако работите хорор филм, тоа не значи дека тој не може да биде уметнички филм.
                                                                                                      Дејвид Кроненберг

             

 
Контакт за порачување
мејл : koshmarmk@yahoo.com
телефонски број: 071-602-119
веб страни:  www.myspace.com/koshmarmk
www.terrorblast.tk
Цена: 60 денари


                      

No comments:

Post a Comment