Во петок (8 јули 2011 година) по полноќ започна уште едно издание на емисијата Danse Macabreка радио Канал 103. Оваа епизода ја водевме јас, Боки и недостасуваше уште Ивица кој беше испратен на Егзит да регрутира нови кловнови. Тематската целина на оваа емисија беа кловновите кои убиваат. На почетокот одвоивме време да прокоментираме малку за Dear Mr. Gacy на македонскиот режисер Светозар Ристовски, разговор кој беше предлошка за психолошкиот профил на Џон Вејн Гејси, серискиот убиец кој покрај тоа што пронашол задоволство во убивање и силување на мали деца во слободното време се облекувал како Пого кловнот и забавувал деца во болниците или на домашни забави.Во вториот дел од емисијата зборувавме за коулрофобијата, односно стравот од кловновите и кловновите од хорор филмовите кои го предизвикуваат тој страв (Пенивајс, Хорни, Панчи, Бастер, Шиверс и други) кај многу генерации на хорор гледачи. Од музичкиот дел покрај тоа што ќе слушнете трејлери и музика од хорор филмовите за кловновите убијци, ќе може да слушнете музика од Acid Bath, Mr. Bungle, The Dickies, Alice Cooper, грајндерите: Macabre, Dahmer, Gorerotted и други. Емисијата може да си ја симнете од линкот кој е постиран под текстот и уживајте во хипнотичните звуци на карневалската музика и кловновите кои зад насмевката кријат убиствени намери. Смрт за цензурата и политичката коректност – да живее хорор жанрот!
П.С. Емисијата ја водеа кловнот Смешко и кловнот Лешко, заедно со астралната проекција на Ивица :)
No comments:
Post a Comment