Sunday, August 7, 2011

Кловнови кои убиваат на Канал 103


KILLER CLOWNS

Пенивајс

Во петок (8 јули 2011 година) по полноќ започна уште едно издание на емисијата Danse Macabre ка радио Канал 103. Оваа епизода ја водевме јас, Боки и недостасуваше уште Ивица кој беше испратен на Егзит да регрутира нови кловнови. Тематската целина на оваа емисија беа кловновите кои убиваат. На почетокот одвоивме време да прокоментираме малку за Dear Mr. Gacy на македонскиот режисер Светозар Ристовски, разговор кој беше предлошка за психолошкиот профил на Џон Вејн Гејси, серискиот убиец кој покрај тоа што пронашол задоволство во убивање и силување на мали деца во слободното време се облекувал како Пого кловнот и забавувал деца во болниците или на домашни забави. Во вториот дел од емисијата зборувавме за коулрофобијата, односно стравот од кловновите и кловновите од хорор филмовите кои го предизвикуваат тој страв (Пенивајс, Хорни, Панчи, Бастер, Шиверс и други) кај многу генерации на хорор гледачи. Од музичкиот дел покрај тоа што ќе слушнете трејлери и музика од хорор филмовите за кловновите убијци, ќе може да слушнете музика од Acid Bath, Mr. Bungle, The Dickies, Alice Cooper, грајндерите: Macabre, Dahmer, Gorerotted и други. Емисијата може да си ја симнете од линкот кој е постиран под текстот и уживајте во хипнотичните звуци на карневалската музика и кловновите кои зад насмевката кријат убиствени намери. Смрт за цензурата и политичката коректност – да живее хорор жанрот!




П.С. Емисијата ја водеа кловнот Смешко и кловнот Лешко, заедно со астралната проекција на Ивица :)

Линк од емисијата:



Џон Вејн Гејси


Полтергајст

Killer Clowns From Outer Space

Бастер

100 Tears

Шиверс од Fear Of  Clowns
Clownhouse

Monday, August 1, 2011

ТРИ ГОДИНИ КОШМАР !!!

СРЕЌЕН И КРВАВ РОДЕНДЕН КОШМАР !




Кошмар денес го слави својот трет роденден од своето постоење. Со девет изданија зад себе, Кошмар ја докажа својата постојаност и посветеност кон хорор жанрот и хорор културата и низ неговите страници поминаа најквалитетните модерни хорор филмови, како и незаборавните класици, кои сé уште живеат во потсвеста на хорор гледачите во Македонија.
Во овие три години, Кошмар стекна многу нови пријатели и на љубителите на хорор жанрот им овозможи да уживаат во него на македонски јазик, доближувајќи ги насловите кои може да се погледнат во прекуокеанските кина, но не заостанувајќи зад светскиот квалитет. Кошмар запозна многу пријатели кои го почитуваат хорор жанрот славејќи го уживањето во хорор културата со тоа што ја прошири и во Македонија. Кошмар запозна многу пријатели и надвор од Македонија, голем број на луѓе го имаат и во Србија, посебно автори кои творат на полето на хорор жанрот во таа држава, а со неговата содржина се запознаени и голем број на хорор режисери насекаде во светот.
Кошмар сака да им се заблагодари на сите кои го подржуваа неговото постоење, читателите кои ги купуваа минатите броеви и тие што го ширеа неговото име. Кошмар ќе продолжи да живее за нив и ќе им остане верен и лојален и нема да ја злоупотреби нивнатата почит.
Имавме проблеми со запчињата на Кошмар, па затоа до сега цицаше само крв, а сега редовно јаде и мали парчиња човечко месо, за да добие и протеини во својот организам. Првиот збор што го изговори беше Gore, а потоа започна да зборува на мртви јазици и искрено голем дел од тоа што го говори не го разбирам. Сето тоа ми звучи како еден магиски ритуал. Се растрчува на сите страни и доста е заинтересиран за светот околу него, а посебно сака да си игра со мртви животни. Сака да црта, најмногу со црни и црвени креони, сака да гради згради со своите коцки и потоа ужива кога со топките ќе ги руши и потоа бега од местото на злосторството. Дури започна да ги погодува убијците во хорор романите што ги читам.
            Десеттиот број на Кошмар излегува во август, па затоа подгответе се за уште едно крваво издание на македонскиот хорор магазин.